Достапни линкови

Апелација треба да се изјасни за жалбите за „Титаник“


Поранешниот премиер Никола Груевски во Апелациониот суд во Скопје

Апелациониот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности.

За обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, на јавните седници во Апелацискиот суд во петокот, СЈО побара притвор како мерка за обезбедување присуство. Специјалното јавно обвинителство смета дека обвинетите можат да избегаат и да влијаат на сведоци или на други обвинети. Овинетите, пак, се изјаснија дека не се виновни, дека немаат намера да бегаат и побараа да им се вратат пасошите.

XS
SM
MD
LG