Достапни линкови

Хан - Разбирлив е ставот на Берлин кон Турција


Kомесарот на Европска унија за проширување Јоханес Хан.

Цврстиот став на Германија во однос на Турција е разбилив, со оглед на тоа што Анкара притвори активисти за човекови права меѓу кои и германски државјани, изјави комесарот на Европска унија за проширување Јоханес Хан.

„Мислам дека покажавме големо трпение кон Турција, Изгледа дека тоа не се цени. Реакцијата на Германија е разбирлива“, изјави Хан во интервју за германскиот дневен весник „Велт“, пренесува МИА.

Девет Германци, од кои четорица имаат и турско државјанство, во моментот се во притвор во Турција, а Хан изрази жалење бидејќи Анкара „сè повеќе се оддалечува од европските стандарди“ со мерките против владините противници по минатогодинешниот неуспешен обид за воен удар.

„Најновите апсења на активисти за човекови права за жал го потврдуваат деструктивниот курс на Турција по кој тргна по неуспешниот пуч, а кој ние остро го осудивме“, посочи Хан.

XS
SM
MD
LG