Достапни линкови

МВР откри оружје и муниција во канал во Блаце


Илустрација - оружје

Припадници на МВР во атарот на сeло Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, во канал покрај земјен пат денеска пронашле и одзеле оружје и муниција, соопшти полицијата. Во нивното соопштение се наведува дека се пронајдени два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршуми калибар 7,62 мм.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на настанот, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG