Достапни линкови

Ентони Скарамучи - нов директор за комуникации на Белата куќа


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го избра Ентони Скарамучи, банкар од Вол Стрит, за нов директор за комуникации на Белата куќа, соопшти американската администрација. Медиумите во САД денеска објавија дека прес-секретарот на Белата куќа, Шон Спајсер, поднел оставка како одговор на овој потег. Скарамучи работи во Експорт-импорт банка и се очекува да започне на новата функција како директор за комуникации на Белата куќа во август, изјави официјален претставник. Позицијата на која доаѓа беше испразнета откога Мајкл Дубке си поднесе оставка во мај. Оттогаш Спајсер ја вршеше улогата и прес-секретар, односно портпарол, и директор на комуникации.

Скарамучи е финансиер на Републиканската партија, основач на инвестицискиот фонд Скајбриџ капитал и силен поддржувач на Трамп. Претходно му беше понудена позицијата амбасадор во Организацијата за економска соработка и развој во Париз.

Њујорк тајмс објави дека Спајсер се противел на назначувањето на Скарамучи, кој има мало политичко искуство.

XS
SM
MD
LG