Достапни линкови

Путин не одлучил дали ќе бара уште еден мандат


Рускиот претседател Владимир Путин, 20 јули, 2017.

Рускиот претседател Владимир Путин не одлучил дали ќе побара уште еден претседателски мандат на изборите кои треба да се одржат во март следната година, пренесоа руските државни медиуми. Се очекува тој да се обиде да обезбеди уште еден шестгодишен манат, но Путин вели дека се уште има време за одлука. Ваквиот став тој го повтори во неколку наврати.

Рускиот лидер останува многу популарен и засега не постојат политички фигури во земјата кои му конкурираат на неговото влијание и моќ.

Путин, исто така, вели дека нема да има измени во Уставот кои се однесуваат на границите за траење на претседателски мандат. Според Уставот може да има два последователни мандати од по шест години. Путин за прв пат стана претседател во 2000 година. Во 2008 година, си ги сменија позициите со премиерот Дмитриј Медведев, а на претседателската функција се врати во 2012 година.

XS
SM
MD
LG