Достапни линкови

Таџикистан - Со „модерна облека“ против исламски практики


Таџикистан - Жени со хиџаб во автобус.

Владата во Таџикистан формирала комисија која треба да промовира соодветна облека за граѓаните, а во насока на борба против „туѓи“ култури. Комисијата ќе помогне да се дизајнира облека за мажи и за жени во согласност со таџикистанската традиција и модерниот живот, изјави министерот за култура на Таџикистан, Шамсудин Омузбекзода.

Неговите коментари укажуваат дека иницијативата е дел од низата потези на долгододишниот претседател Емомали Рамон, кој сака да ги обесхрабри исламските практики, поради страв дека може да доведат до промовирање на екстремизам во претежно муслиманската земја.

Министерот за култура, вели дека исламскиот хиџаб не е компатибилен со топлата клима во Таџикистан, поради хигиенски причини, и дека жените кои носат превез може да предизвикаат страв и сомневање на јавни места.

Тој вели дека се препорачува мажите да носат европска облека.

Властите во напорите да се борат против исламскиот екстремизам, забранија да се носи хиџаб во владини канцеларии и училишта, а момчињата под 18 години не смеат да се молат во џамии.

Во Таџикистан, ако полицијата забележи мажи со огромни бради ги принудува да се бричат.

XS
SM
MD
LG