Достапни линкови

Заев и Жбогар зборувале за реформите


Евроамбасадорот Самуел Жбогар и премиерот Зоран Заев.

Земјите-членки на ЕУ сега гледаат можност за напредок на државата и се подготвени на принципиелно и експертско ниво да и помогнат на Македонија во реформскиот процес, истакнал амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба со премиерот Зоран Заев, соопштуваат од владината прес-служба.

Заев и Жбогар разговарале за претстојните реформи во делот на правосудниот систем, во делот на медиумите и воспоставувањето професионални државни институции.

XS
SM
MD
LG