Достапни линкови

Дачиќ вети разјаснување на статусот на рускиот центар во Ниш


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека статусот на контроверзниот руски центар во Ниш наскоро ќе биде разјаснет. Дачиќ во интервју за Вечерње новости, посочи дека Белград наскоро ќе донесе одлука дали да им обезбеди дипломатски статус на вработените во центарот, истакнувајќи дека, тој ја поддржува таа идеја. Вработените во рускиот центар соопштија дека сакаат да имаат ист дипломатски статус како и вработените на НАТО во Србија.

XS
SM
MD
LG