Достапни линкови

Божиновски тврди дека е невин, СЈО дека влијаел на сведоци


Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски за време на денешната седница во Апелациониот суд каде се разгледуваат жалбите на СЈО за случајот „Титаник“, изјави дека е невин и оти е неосновано барањето за притвор, бидејќи тој не влијаел на сведоци.

Тој порача и дека едвај чека да започне судскиот процес за да ја докаже неговата невиност. Од СЈО тврдат дека Божиновски влијаел на сведоци и дека постои опасност за негово бегство од земјата. Во судот во тек е разгледување на жлабата за екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој исто така е обвинет во случајот.

XS
SM
MD
LG