Достапни линкови

Груевски не планира да бега ќе ја враќа ВМРО-ДПМНЕ на власт


Поранешниот премиер Никола Груевски во Апелациониот суд во Скопје.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска изјави дека дошол во Апелациониот суд за да ги демантира сите лаги на СЈО. На седницата на судот на која се разгледуваат жалбите на СЈО и на обвинетите во случајот „Титаник“, тој порача и дека не планирал да бега од земјата затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе победела на локалните избори и партијата ќе се вратела на власт. Според Груевски, одземањето на неговиот пасош е со цел да се ограничи неговото движење и се работи за политички прогон од страна на СЈО.

Груевски е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на средства за изборна кампања и за повреда на избирачко право. СЈО бараше притвор за Груевски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и за поранешните генерални секретари на владата Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, но Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 одлучи, наместо притвор, да им ги одземе пасошите. СЈО за жали пред Апелација и бара притвор, додека обвинетите бараат да им бидат вратени пасошите.

XS
SM
MD
LG