Достапни линкови

Одбраната на Груевски тврди дека е пробиен рокот за обвинение против него


Поранешниот премиер Никола Груевски во Апелациониот суд во Скопје

Одбраната на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тврди дека СЈО го пробило рокот за поднесувањето на обвиненија за случаите Титаник, Тврдина и Таргет и затоа судот не треба да ги разгледува тие случаи. СЈО ги поднесе обвиненијата за овие случаи на 30 јуни, околу 21 часот, додека одбраната на Груевски тврди дека работното време на шалтерот за пример на нови предмети е до 16 часот.

Поранешниот премиер, како еден од обвинетите, денеска се појави на јавната седница на Апелациониот суд во Скопје, на која се разгледуваат жалбите на СЈО и на обвинетите во случајот Титаник.

СЈО бараше притвор за Груевски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, како и за поранешните генерални секретари на владата Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, но Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 одлучи, наместо притвор, да им ги одземе пасошите. СЈО за жали пред Апелација и бара притвор, додека обвинетите бараат да им бидат вратени пасошите.

XS
SM
MD
LG