Достапни линкови

Јавна седница на Апелацискиот суд за жалбите во случајот „Титаник“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред Кривичниот суд во Скопје, 22.02.2017.

Во Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница треба да се појават екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Мили Јанакиески, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот шеф на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски. До ова доаѓа откако СЈО се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите место притвор, им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната.

XS
SM
MD
LG