Достапни линкови

Торба со прашина од Месечината продадена за 1,8 милиони долари


Малата торба што ја користел астронаутот Нил Армстронг во текот на првата прошетка на Месечината во 1969 година.

Мала бела платнена торба која содржи прашина од Месечината синоќа е продадена на аукција во Сотби, Њујорк за милион и 800 илјади долари. Оваа торба ја користел астронаутот Нил Армстронг во текот на првата прошетка на Месечината во 1969 година. Но, оваа историска торба од мисијата Аполо 11 претходно беше погрешно оцената како неважна и продадена на интернет. Во меѓувреме, НАСА ја сфати грешката и се бореше да ја врати. Но, во минатиот декември беше пресудено дека торбата законски и припаѓа на една жена од Чикаго која во 2015 година ја купи на интернет за 995 долари. Аукциската куќа одби да каже кој сега ја купи торбата.

XS
SM
MD
LG