Достапни линкови

Турција и Германија ја интензивираа борбата со зборови


шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел

Турција и порача на Германија дека билатералните односи не можат да се развиваат врз основа на „уцени и закани“. До ова дојде откако шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел најави потези за лимитирање на германските инвестиции во Турција. Тој исто така предупреди дека веќе не може да се гарантира безбедноста на германските граѓани во Турција со оглед на тамошниот бран апсења. Односите меѓу две НАТО членки се влошија пред една година, односно од неуспешниот пуч против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Од тогаш досега се приведени 22 германски граѓани.

XS
SM
MD
LG