Достапни линкови

Убиени осум војници во источна Украина


Архива - Луѓе во Украина учествуваат во погребна церемонија на војници.

Осум украински војници се убиени, а десет повредени во претходните 24 часа, откако сепаратистите поддржани од Русија ги интензивираа нападите на нивните позиции на истокот на земјата, соопшти Министерството за одбрана на Украина. Портпаролот на Министерството првично рече дека во изминатите два дена девет војници биле убиени и пет повредени.

Бројот на загинати е највисок во последните месеци во конфликтот, кој продолжува и покрај меѓународно поддржаниот Договор од 2015 година за прекинување на огнот и за поставување на чекори за решавање на статусот на сепаратистичките области во источна Украина.

XS
SM
MD
LG