Достапни линкови

Јилдирим - Кипарските Грци се одговорни за неуспехот на преговорите


Архива - Турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека нема смисла да се продолжуваат преговорите за повторно обединување на Кипар од каде што запреле. Тој рече дека кипарските Грци се одговорни за неуспехот на преговорите, бидејќи не биле подготвени за спогодба.

Преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци со поредство на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за повторно обединување на островот завршија на 7 јули во Кран Монтана без да биде постигната спогодба.

XS
SM
MD
LG