Достапни линкови

СДСМ - Соработката со соседите е интерес на Македонија


Архива - лого на СДСМ.

Интерес на граѓаните и на Владта е Македонија да има добра соработка со соседите и да стави крај на кавгите и изолациите, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој претходно истакна дека коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе барање за свикување итна јавна седница на Собранието за разгледување на договорот меѓу Македонија и Бугарија.

Од СДСМ велат дека Милошоски денеска кажал многу невистини, иако како претседатл на Комисијата за надворешни работи имал целосен увид во Нацрт-верзијата за договорот за добрососедство со Бугарија.

Во реакцијата се додава дека за договорот граѓаните ќе бидат целосно и навремено информирани, а одлуките за сите прашања ќе ги носи Собранието како највисок државен орган.

XS
SM
MD
LG