Достапни линкови

„Ексон мобил“ казнет за прекршување на санкциите кон Русија


Архива - Логото на „Ексон мобил.“

Министерството за финансии на САД му изрече казна на нафтениот гигант „Ексон мобил“ од 2 милиони долари за прекршување на наметнатите санкции на САД кон Русија. Прекршокот кој Министерството го објави денеска се случил во мај 2014 година, неколку недели откако претседателот Барак Обама ги објави санкциите против Москва за анексијата на украинскиот Полуостров Крим.

Санкциите беа насочени, меѓу другото, и кон руската државна нафтена компанија „Роснефт“ и кон нејзиниот генерален директор Игор Сечин.

Во соопштението на Министерството за финансии се вели дека подружниците на „Ексон мобил“ се занимавале со услуги на поединци чија сопственост била блокирана, имено со потпишување на осум правни документи поврзани со проекти за нафта и гас во Русија со Игор Сечин.

Казната од два милиони долари се чини дека е главно симболичен чекор против „Ексон мобил“, кој минатата година осатвари приходи од 7,8 милијарди долари. Во време на наводното прекршување, „Ексон мобил“ беше предводен од Рекс Тилерсон кој сега е државен секретар на САД.

XS
SM
MD
LG