Достапни линкови

Кувајт протерал ирански дипломати


Знамињата на Кувајт и Иран.

Кувајт го повика Иран да ја намали бројката на дипломати во земјата. Властите исто така затвориле и неколку канцеларии на Техеран во Кувајт. Според анонимни извори, цитирани од АФП, 15 ирански дипломати биле протерани од земјата.

Таквата одлука следи по судската пресуда во минатата година поврзана со терористичка ќелија во Кувајт, која според властите, имала наводен контакт со Иран и милитантната група Хезболах. Медиуми јавија и дека Кувајт ги замрзнал сите активности меѓу двете земји. Се уште нема реакција од иранските власти.

XS
SM
MD
LG