Достапни линкови

Убиени 9 украински војници во серија напади


Украински војници кои се борат во конфликтот во источниот дел на земјата.

Украинското министерство за одбрана соопшти денеска дека 9 украински војници биле убиени, а 5 повредени во изминатите 24 часа откако проруските бунтовници ги интензивираа нападите. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко изјави дека шест од војниците биле убиени во Доњецк, додека три од жртвите загинале во експлозија во Лугансх. Според него, бунтовниците спровеле напади врз 14 позиции на украинските сили.

XS
SM
MD
LG