Достапни линкови

Тачан: Името и реформите клучни за членство во НАТО


Помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Илдем Тачан.

Помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Илдем Тачан, кој е во посета на Македонија изјави дека гледа одлучност кај Владата за спроведување голем број реформи. Според него, интензивното темпо на политичкиот процес ќе обезбеди високи стандарди кои ќе ја доведат државата поблиску до членството во НАТО.

По средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров на прашање кои се пречките за членство во НАТО истакна дека е важно да се најде заемно прифатливо решение за името, но и да се спроведат потребните реформи.

XS
SM
MD
LG