Достапни линкови

Македонија соработува со САД во борбата против тероризмот


Во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за тероризмот во светот се наведува дека Македонија соработува во напорите на САД за борба против тероризмот, демонстрирајќи ја својата посветеност на глобалната коалиција да ги порази милитантите на Исламската држава. Во извештајот се додава дека Македонија лани спроведе три значајни антитерористички операции, од кои една во координација со властите во Албанија и Косово, што доведе до апсење на 23 лица во Албанија, Косово и Македонија. Исто така се додава дека владата ја одобри Националната стратегија за борба против тероризмот во март. Стратегијата има дел посветен на спречувањето на насилниот екстремизам но, како што се додава, не постои посебна Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам. Владата има подготвено Национален акционен план за борба против тероризмот што го достави на преглед до Европската комисија во ноември. Во Акциониот план, како што се додава, недостасуваат ознаки за имплементација и проценки за финансирање и контроли. Македонските власти, како што се додава во извештајот на Стејт департментот, оценуваат дека членови и симпатизери на ИД се присутни во Македонија.

XS
SM
MD
LG