Достапни линкови

Брнабиќ: српската влада не е ни проруска, ни проамериканска


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ во интервју за телевизиската мрежа Си Ен Ен изјави дека стратегискиот пат на Србија е членство во Европската унија, но оти се важни и нејзините традиционално добри односи со Русија. „За нас Русија е голем пазар и голем трговски партнер“, изјави таа, наведувајќи дека политиката на нејзината влада е во континуитет со политиката на претходната влада, како и тоа дека продолжува онаму каде што застанал нејзиниот претходник, сегашниот претседател на Србија Александар Вучиќ.

XS
SM
MD
LG