Достапни линкови

Трамп: не ми требаше руска помош за информациите против Клинтон


Американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, Хамбург, 07.07.2017.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му требала помош од Русија за да дојде до информации на штета на неговиот ривал во претседателската трка Хилари Клинтон. Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ Трамп исто така за прв пат обелоденува дека на втората средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот на Г20 во Хамбург, разговарал главно за „пријатни работи“, како и за руската забрана американци да усвојуваат руски деца.

XS
SM
MD
LG