Достапни линкови

Руските МиГ-29 во Србија до крајот на годинава


Илустрација-руските ловци МиГ-29

Русија планира до крајот на годината да и испорача на Србија шест половни ловци МиГ-29, кои и се подарени на војската на Србија уште во декември 2016 година, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за воена соработка Дмитриј Шугајев. Тој за време на воздухопловниот саем Макс 2017 кај Москва изјави дeка испораката на авионите МиГ-29 е планирана за крајот на оваа година. Русија освен авионите, на Србија ќе и испорача и 30 половни тенкови Т-72С. Пред повеќе од шест месеци тогашниот српски премиер, а сегашен претседател Александар Вучиќ за време на посетата на Москва изјави дека Србија од Русија ќе добие шест авиони од типот МиГ-29.

XS
SM
MD
LG