Достапни линкови

Белата куќа ќе го номинира Хантсман за амбасадор во Русија


Архивска фотографија-Џон Хантсман, поранешен гувернер на Јута и поранешен амбасадор на САД во Кина

Белата куќа вчера соопшти дека ќе го номинира Џон Хантсмaн, поранешен амбасадор во Кина, за амбасадор во Русија. Американскиот сенат мора да го одобри именувањето на високата позиција, за која Хантсман е предложен во време на обвинувања дека Русија влијаела во американските претседателски избори што се одржаа лани. 57 годишниот Хантсман е поранешен гувернер на американската држава Јута, а беше амбасадор во Кина од 2009 до 2011 година. Тој одамна се очекуваше да биде изборот на Трамп за амбасадор во Русија. Хантсман работи за администрацијата на пет американски претседатели, а во 2012 година беше кандидат за претседателската номинација на републиканците.

XS
SM
MD
LG