Достапни линкови

Спасовски:Полицијата е подготвена да постапи според одлуките на судот


Архивска фотографија-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерството за внатрешни работи е подготвено да делува врз основа на одлуките на судовите 24 часа и кога ќе ги добие сигурно ќе постапи во однос на нив, изјави денеска во касарната „Ѓорче Петров“ министерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање што ќе биде преземено во врска на решенијата за притвор на тројца полициски службеници од страна на судот по жалба на СЈО.

На новинарско прашање за наводните незаконски смени во МВР, Спасовски рече дека се направени проверки и не постои воопшто таков случај и дека сите поместувања во рамки на Министерството се прават законски.

Прашан до каде е истрагата за осквернувањето на гробиштата во Љуботен, Спасовски одговори дека СВР Скопје и Јавното обвинителство работат на расчистување на случајот, но сите дејствија во предистражна постапка се тајни.

Во однос на барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за одобрување на повеќе телохранители, Спасовски рече дека добил барање за дополнителни 20 луѓе и тоа барање е процесуирано од Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Ние, како што додаде ќе добиеме стручни информации во однос на ова барање, па врз основа на тоа ќе го дадеме одговорот.

XS
SM
MD
LG