Достапни линкови

Средба на партиите на Албанците во Собранието


Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во Собранието попладнево се одржува средба на претставници на партиите на Албанците. На средбата, според најавите, се разговара за точките од Декларацијата на албанските партии.

На неа присуствуваат лидерот на ДУИ Али Ахмети и Садула Дураку, од ДПА Луан Треси и Бардил Даути, Гзим Острени од Унитети, Сурија Рашити од ДР-ДПА, како и Весел Мемеди од НДП, на чија иницијатива се организира состанокот. На средбата не присуствува претставник на Беса.

XS
SM
MD
LG