Достапни линкови

Во воздушен напад убиени 20 цивили во Јемен


Жртва на напад во Јемен.

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека најмалку 20 цивили, меѓу кои има и деца загинале во воздушен напад во Јемен. Според соопштението, поголемиот дел од жртвите најверојатно биле членови на едно семејство.

Последниот инцидент, како што наведуваат од УНХЦР, уште еднаш ја покажува есктремната опасност со која се соочуваат цивилите во Јемен, особено тие што се обидуваат да избегаат од насилството. Жители посочија дека нападот го извршила коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитските бунтовници.

XS
SM
MD
LG