Достапни линкови

Одложено судењето за обидот за пуч во Црна Гора


Собрани луѓе пред судот каде беше одложено денешното рочиште за обидот за државен удар во Црна Гора.

Судењето за обидот за државен удар во Црна Гора за време на изборите во минатата година денеска беше одложено поради барање на одбраната за смена на обвинителот. Во случајот осомничени се четиринаесетмина, вклучувајќи и двајца проруски опозициски лидери. Меѓу осомничените се и деветмина српски државјани, како и двајца Руси.

Според црногорските власти, тие биле организирани да го заземат парламентот за време на парламентарните избори, да го убијат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ и да инсталираат проруско раководство со цел да го спречат влегувањето на Црна Гора во НАТО. Подгорица исто така смета дека во целиот заговор биле вклучени и руски државни тела, но Москва ги отфрла ваквите наводи.

XS
SM
MD
LG