Достапни линкови

Апелација денеска ќе одлучува по жалбите за „Тендери“ и „Топлик“


Апелационен суд

Апелациониот суд денеска треба да одлучува по жалбите на СЈО и обвинетите во случаите „Тендери“ и „Топлик“ за решенијата на понискиот суд. Случајот „Тендери“ се однесува на тендери поврзани со Музејот на ВМРО. Првоосомничена во овој случај е екс министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Случајот „Топлик“ се однесува за продажба на градежна парцела за изградба на елитната населба Сончев град.

Судот вчера ги објави одлуките за обвинетите во случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Тројца од обвинетите, поранешниот началник на петтата управа во УБК Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и службеникот во УБК, Никола Бошковски добија мерка притвор.

XS
SM
MD
LG