Достапни линкови

Иран ги осуди новите американски санкции


Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ја „затруе атмосферата“ со нови санкции и покрај тоа што Иран го спроведува нуклеарниот договор од 2015 година. Вашингтон вчера објави санкции против 18 индивидуалци и фирми кои имале врска со иранската програма за балистички ракети. Во реакцијата се наведува дека Техеран за возврат исто така ќе санкционира американски фирми кои дејствувале против Иран.

XS
SM
MD
LG