Достапни линкови

Загриженост за прогласување „Малорусија“ во Украина


илустрација

Американскиот Стејт департмент, рускиот пратеник во украинските мировни преговори и ОБСЕ изразија загриженост за најавата за прогласување „Малорусија“ во Украина од страна на сепаратистите поддржани од Русија. Тие оценија дека тоа ќе го поткопа мировниот договор од Минск. Според планот, новата земја би била формирана по реферндумот во Украина и би се викала Малорусија, име што за време на царска Русија се користело за територијата на сегашна Украина. Таа ќе ја опфаќа територијата на Украина, со исклучок на Крим што Русија го анкетира во 2014 година. Главен град би бил Доњецк, а Киев би имал статус на историски и културен центар.

XS
SM
MD
LG