Достапни линкови

Ќерката на претседателот на Таџикистан - заменик директор на голема банка


Претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон

Ќерката на претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон била назначена за заменик директор на втората најголема банка во земјата, Ориенбанк. Документите до кои дојде Радио Слободна Европа покажуваат дека 23-годишната Зарина Рахмон била назначена во јануари, но тоа не беше јавно соопштено. Директор на банката е исто така роднина на претседателот.

Емомали Рахмон има девет деца. Една од неговите ќерки, Озода, е сенаторка и шефица на кабинетот на претседателот, додека најстариот син Рустам е градоначалник на главниот град Душанбе. Неколкумина други членови на неговото семејство и роднини заземаат важни политички позиции или ги контролираат големите бизниси.

Рахмон, кој е на чело на Таџикистан од 1992 година, е мета на критики поради широко распространетата корупција и острите мерки против политичките противници.

XS
SM
MD
LG