Достапни линкови

Заев: Наша желба е да го потпишеме договорот со Бугарија


Премиерот Зоран Заев на Седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на затворената седница на собраниската Комисија за надворешна политика на која го презентираше Нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија рече дека состанокот бил консултативен и можност тој и неговите советници да добијат сугестии од власта и од опозицијата за документот. Сугестиите, како што рече, ќе бидат земени предвид и документот се уште е отворен за надградување.

„Наша желба е да го потпишеме договорот. Досега имаме одлична база за компромис помеѓу двете земји. Конечен договор ќе има со негова ратификација во Парламентот“, изјави Заев

Според него, договорот е основа за добрососедство и пријателство, а двете држави во иднина ќе работат поблиску за взаемен успех, при што договорот е добар за националните интереси на Македонија.

XS
SM
MD
LG