Достапни линкови

Малала ја повика Нигерија да го подобри образованието


Активистката Малала Јусафзаи на средба со вршителот на должноста претседател на Нигерија, Јеми Ошинбајо.

Нобеловката Малала Јусафзаи ја повика Нигерија да се фокусира на подобрување на образовниот систем за време на нејзината посета на земјата. 20 годишната Јоусафзаи, која беше назначена од ОН во април да работи на промоција на образованието на девојчињата низ светот се сретна со вршителот на должноста претседател на Нигерија, Јеми Ошинбајо.

Според неа, властите од земјата треба да прогласат вонредна ситуација во образованието во Нигерија, каде половина децата не посетуваат училиште. Бројките на ОН покажуваат дека околу 10, 5 милиони деца во светот не се образуваат, а 60 отсто од нив се од женски пол.

XS
SM
MD
LG