Достапни линкови

Марш за одбележување на смртта на последниот руски цар


Маршот во чест на царот Николај.

Голем број на луѓе маршираа во рускиот град Јекатеринбург за одбележување на 90 годишнината од убиството на царот Николај и неговото семејство од страна на болшевиците. Учесниците на маршот носеле икони и крстови на местото каде царот, неговата сопруга и нивните пет деца биле убиени во 1918 година, неколку месеци откако болшевиците дојдоа на власт во земјата. Церемонии во чест на Романови беа одржани и во црквите во Санкт Петерсбург, Москва и други руски градови.

XS
SM
MD
LG