Достапни линкови

Вучиќ: Србија го призна името на Македонија и покрај Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија го признава уставното име на Македонија и покрај тоа што земјата го признала Косово.

„Србија тоа го призна, иако Македонија ја призна независноста на Косово, што сигурен сум беше спротивно на волјата на нејзиното население“, изјави Вучиќ за МРТВ.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ неодамна на средба со грчкиот колега Никос Коѕиас изјави дека Србија направила грешка што го признала македонското уставно име.

Вучиќ кој беше во посета на Вашингтон на средбата со потпретседателот Мајк Пенс разговарал за отворените прашања на Балканот, вклучително и за спорот со името на Македонија, статусот на Косово и ситуацијата во Босна и Херцеговина.

XS
SM
MD
LG