Достапни линкови

Братот на иранскиот претседател ослободен со кауција


Помладиот брат на иранскиот претседател, Хусеин Ферејдун.

Помладиот брат на иранскиот претседател Хасан Рохани, Хусеин Ферејдун е пуштен со кауција по неговото апсење за финансиски малверзации. Медиуми јавија дека тој бил однесен во болница откако при појавувањето во судот се пожалил дека не му е добро.

Се уште не се знае сумата за кауцијата на Ферејдун, кој беше близок советник на Рохани вклучен во нуклеарните преговори со шесте светски сили кои завршија со договор во замена за олеснување на санкциите врз Иран.

XS
SM
MD
LG