Достапни линкови

Повредени 80 лица во пожарите во Сплит


Пожарникар- илустрација.

Најмалку 80 лица се повредени во пожарите кои синоќа го зафатија хрватскиот град Сплит. Според локалните власти, поголемиот дел од повредените се пожарникари и се надвор од животна опасност. На подрачјата зафатени од пожарите околу Сплит се распоредени 384 пожарникари со 102 пожарникарски возила.

Според првичните процени во пожарите изгореле 4.500 хектари густа борова и ниско стеблеста шума, трева и маслинови насади, а пожарникарите примиле над 5.000 повици од вознемирени граѓани.

XS
SM
MD
LG