Достапни линкови

Жртви и исчезнати во обилните поплави во Кина



Осумнаесет лица загинале, а исто толку се водат за исчезнати во поплавите на североистокот на Кина, пренесува државната агенција Нова Кина. Силното невреме кое ги зафати источните и централните делови од провинцијата Џилин натерале повеќе од 100 000 луѓе да ги напуштат своите домови, а владата испратила 32 000 припадника на итните служби. Уште од почетокот на летото, Кина е погодена од силните поплави во кои животот го загубија десетици лица, а илјадници се раселени.

XS
SM
MD
LG