Достапни линкови

Отворен украинско-молдавски граничен премин во Трансдњестер


Украинскиот претседател Петро Порошенко и молдавскиот премиер Павел Филип отворија заеднички граничен премин чија молдавска страна е во отцепениот регион Трансдњестер. По церемонијата Порошенко изјави дека Киев е подготвен да придонесе за "целосно враќање на територијалниот интегритет на Молдавија".

Сепаратистичките власти во отцепениот регионот и руските пратеници ги осудија плановите за отворање на заеднички украинско-молдавски граничен премин, наведувајќи дека тоа е чекор кон економска блокада. Премиерот Филип го отфрли обвинувањето нарекувајќи го "само шпекулација".

XS
SM
MD
LG