Достапни линкови

Турција забрани влез на илјадници луѓе од поранешниот Советски Сојуз


Турција забрани влез на илјадници луѓе од поранешниот Советски Сојуз, за кои се сомнева дека имаат врски со Исламска Држава во Сирија и Ирак. Во извештајот објавен на веб-страницата на турското министерство за внатрешни работи, се наведува дека поранешните советски републики Азербејџан, Казахстан и Таџикистан, како и Русија, се меѓу десетте земји со најголем број на луѓе на кои им било забрането да влезат во Турција поради нивна поврзаност со ИД и стравувања дека тие се обидуваат да ги искористат за да преминат во конфликтни зони и да се борат за групата.

Околу 4.128 руски државјани, 2.651 државјани на Таџикистан, 1.914 државјани на Казахстан и 1.677 државјани на Азербејџан беа на листата за забранет влез, која е предводена од Саудиска Арабија со 7.523 граѓани и Тунис со 4.605 жители. Властите во Русија и другите поранешни советски републики соопштија дека илјадници мажи и жени се борат заедно со ИД и другите екстремистички групи во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG