Достапни линкови

Протести против семејното насилство во Белград


Десетици активисти денеска одржаа митинг против семејното насилство во Белград. Протестот следува откако две жени и едно дете беа убиени од страна на поранешните сопрузи на жените во одделни инциденти во изминатите две недели во Центарот за социјална работа во главниот град. Во двата случаи, мажите, наводно, биле познати по насилство врз членови на семејството во минатото. Демонстрантите протестираа пред министерството за социјална заштита и побараа оставка на службените лица одговорни за решавање на проблемите во семејното насилство. Слични протести се одржаа и во уште три српски градови: Врање, Ниш и Краљево. Српските власти соопштија дека најмалку 19 жени и две деца се убиени во семејното насилство во Србија од почетокот на годината.

XS
SM
MD
LG