Достапни линкови

Мијалков во Апелација за барањето на СЈО за притвор


Сашо Мијалков

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков денеска се појави во Апелациониот суд каде се одлучува по жалбата на СЈО за неопределување на бараната мерка притвор. Мијалков се пожали на одземањето на неговиот пасош и посочи дека на секој повик на судот ќе биде присутен. Обвинителката Ленче Ристоска истакна дека обвинетиот поседува стан во Чешка и затоа постои опасност од бегство. Мијалков е обвинет во случаите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО.

XS
SM
MD
LG