Достапни линкови

Османи на средбата на Советот за стабилизација и асоцијација


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи утре во Брисел ќе присуствува на тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА), со кој ќе претседава министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ко-претседавач ќе биде високата претставничка и потпретседателка на Европската комисија, Фредерика Могерини.

На состанокот ќе присуствува и еврокомесарот, Јоханес Хан. Вицепремиерот Османи на состанокот се очекува да го образложи Планот 3-6-9, неговата содржина, имплементација и очекуваните ефекти.

XS
SM
MD
LG