Достапни линкови

Сепаратисти во Доњецк држат во притвор блогер на РСЕ


Блогерот на РСЕ Станислав Асеев

Поранешниот украински пратеник Јехор Фирсов изјави дека сепаратистите во источниот регион Доњецк, поддржани од Русија, потврдиле дека го држат во заробеништо блогерот Станислав Асејев кој работи за Украинскиот Сервис на Радио Слободна Европа.

Јехор Фирсов вчера на Фејсбук постираше дека мајката на блогер Станислав Асеев и било дозволено да го посети синот во притвор. Фирсов напишал дека сепаратистите го обвиниле Асејев за шпионажа и му се заканувале со 14 години затвор. Aсeјев, кој пишува под името Станислав Васин исчезна во Доњецк на 2 јуни.

Сепаратистите, кои контролираат делови од Доњецк и Луганск, во неколкупати негираа дека имаат информации за Асејев. Главниот уредник на РСЕ Ненад Пејиќ претходно изјави дека притворот на Асејев, ако е вистина, бил "длабоко вознемирувачки и беззаконски" и побара негово итно ослободување.

XS
SM
MD
LG