Достапни линкови

Јужна Кореја предлага разговори со Северна Кореја


Панмунџом, демилитаризирана зона на границата меѓу Јужна и Северна Кореја, архивска снимка

Јужна Кореја предложи одржување воени разговори со Северна Кореја за запирање на непријателските активности во близина на нивната заедничка граница. До ова доаѓа по серијата ракетни тестови од страна на Северна Кореја во изминативе неколку недели што ги зголеми тензиите меѓу двете земји, како и САД и Јапонија. „Предлагаме воени разговори со Северна Кореја на 21 јуни во Тонгилгак за да се намали тензијата на демаркационата линија“, изјави заменик министерот за одбрана на Јужна Кореја Су Чу Сук. Ако е одржат тоа ќе биде прв кондакт меѓу владите на двете земји од 2015 година.

XS
SM
MD
LG