Достапни линкови

Меѓусебни обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за партизација на МВР


Архива - МВР.

Партизацијата на државните институции беше заштитен знак на 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ во реакција на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која обвини партизација на Министерството за внатрешни работи од страна н владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ претходно соопшти дека се врши партизација во МВР и оти вработени биле принудувани да поднесат барање да бидат прераспоредени на пониски работни места. Од партијата велат дека вакви закани не се упатени само кон вработените во Скопје туку и низ секторите за внатрешни работи низ државата, односно дека таргет биле сите професионалци кои непостапувале по партиските наредби на министерот Оливер Спасовски.

Од СДСМ во реакцијата велат дека новата Влада започнала процес на ослободување на заробените институции и оти во рамки на владиниот план 3-6-9 планирани се сериозни реформи во судството, медиумите, безбедносните служби, борбата против корупцијата, јавната администрација и изборното законодавство.

XS
SM
MD
LG