Достапни линкови

Кукан - Власта и опозицијата да соработуваат за европската агенда


Едвард Кукакн член на Европскиот Парламент.

Европскиот Парламент (ЕП) со големи интерес и симпатии ги следи активностите на новата Влада во однос на иницијативите со кои настапува и намерите државата да се ослободи од блокадите и проблемите со Грција и Бугарија, изјави известувачот во сенка на ЕП за Македонија Едвард Кукан.

Во однос на европската агенда тој истакнува оти очекува соработка меѓу владата и опозицијата за, како што вели, прашања кои треба да бидат важни за сите страни.

Тој рече дека ги поздравува новите иницијативи со Бугарија, но оти во договорот што треба да се потпише на 2 август имало две чувствителни и многу тешки прашања кои не се решени: прашањето за македонскиот јазик и заедничкото празнување на историските настани, но дека цената за тие договори не треба да ја плати Македонија, вели Кукан.

XS
SM
MD
LG